Поврзи се со нас

Фудбал

„Македонија на ЕП ќе биде исто како да пуштите Волксфаген Буба да се трка во Формула 1“

Македонија ќе игра на ЕП во групата со Холандија, Украина и Австрија од 13 до 21 јуни, кога ќе се одиграат трите пресметки на дебито на големите турнири за нашата селекција, а еден новинар од Белгија, Питер Ванденбемпт, не е баш воодушевен што селекција како Македонија ќе биде дел од европскиот крем.

Според него, патот кој Македонија го изоде до ЕП не е некој што треба да воодушеви, па ја нападна УЕФА, дека со проширувањето на првенството на 24 селекции го разводнила турнирот, а Македонија на шампионатот ќе биде исто како автомобил Буба да се трка во Формула 1.

„Направив мало истражување за Македонија, тоа е земја со два милиони жители, но најмногу истражував што требаше да направат Македонците за да дојдат со ЕП. Тие паднаа во Д-дивизијата во Лигата на нации, за инагуратвната сезона и ја освоија групата со Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн. Честитки! Не се кој знае какви ривали, ама во ред. Потоа играа полуфинале и финале во бараж во кои ги победија Косово и Грузија, која на реши најпознатиот макеоднски фудбалер Горан Пандев, човек со навистина голема кариера, но ‘бај д’веј, сѐ уште игра на 37-годишна возраст.

Е сега, видете УЕФА од 2016 година го прошири ЕП на 24 селекции, па на истото настапуваат и помали земји, како Северна Ирска или сега Македонија, на пример. И тоа сега може да го гледате од два аспекти, да вие симпатично, или од аспект дали се “зрели“ за така големо натпреварување. Мислам дека од овие мали земји, нема што премногу да се научи за фудбалот. Не може да пуштите Волксфаген Буба да се трка во Формула 1, зашто тоа било симпатично, а Волксфаген имал навивачи. Мора да се има некаков стандард. Така во случајот е и со Македонија на ЕП“, вели белгискиот новинар.

Според него, најавите за проширување и на СП на 48 селекции од Мундијалот во 2026 (САД, Канада и Мексико) се исто погрешни, како со проширеното ЕП на 24 селекции, па најави дека наскоро сѐ почесто ќе гледаме селекции кои фудбалски не се на ниво за најголемите турнири.

„Мислам дека ЕП, а и СП треба да биде ниво кое е највисоко достигнување за еден фудбалер, за еден тим, значи дека треба да учествуваат тие што се на едно високо ниво, како што се Олимписките игри. Вака, наместо да се засили квалитетот, се разводнува првенството, за малите да играат. И тоа е погрешно. Стигнавме во фудбалот во ситуација, како Ерик Мусамбани (Ерик јагулата – н.з.), пливачот од Екваторијална Гвинеја, кој во Сиднеј во 2000 година за малку ќе се удавеше во олимпискиот 50-метарски базен, а само една делница требаше да исплива“, додава Ванденбемпт.

Извор: Sport1.mk

loading...

Facebook