Connect with us

Фудбал

Македонија падна една позиција на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација се најде на 75. место на најновата ранг листа објавена денес од страна Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Ова е втор месец по ред како Македонија бележи пад од една позиција иако нема одиграно натпревари.

„Црвено-жолтите“ на 23 и 27 март ги очекуваат пријателски дуели со Финска и Азербејџан во Анталија, па тоа ќе биде добра можност да го подобрат пласманот.

Лидер на листата на ФИФА е Германија, а по неа во ТОП 10 следуваат: Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија, Полска Шпанија, Швајцарија, Франција и Чиле.