Connect with us

Кошарка

Македонија се поблизу до квалификациите, Косово падна во Гевгелија

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа и третата победа по исто толку кола во групната фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година, откако во Гевгелија славше над Косово со 78:68.

Нашите кошаркари беа многу подобри во три од четирите четвртини, па без оглед на падот во играта во вториот период стигнаа до заслужена победа. Со овој триумф е направен уште еден чекор напред кон главните квалификации за Евробаскет 2021, за што доволно ќе биде да не се се доживее катастрофален пораз во последниот натпревар во февруари, каде гостуваме кај Романија.

Најефикасен во победничкиот тим беше Бојан Трајковски со дабл – дабл учинок од 23 поени и десет скокови, додека Витингтон реализираше 15, а Војдан Стојановски 13 коша.

Без оглед на максималниот ефект во досегашните три кола, првото место во групата се уште не е обезбедено. За да се оствари тоа „црвено – жолтите“ ќе мора на гостувањето во Романија на 21 февруари да не загубат со побеќе од 14 поени разлика.