Други спортови
Македонија со прв настап на ОИ во Токио, Бранковски постави нов државен рекорд
Македонија утрово го имаше својот прв претставник на Олимписките игри во Токио, откако Борјан Бранковски настапи во стрелаштво во својата дисциплина 10 метри со воздушен пиштол.
Бранковски настапи во квалификациите и истите ги заврши на 21-то место од вкупно 36 натпреварувачи, постигнувајќи 573 поени и прецизност од 9,55, што е нов државен рекорд. Сепак, тоа не беше доволно за финале на турнирот. Најдобар резултат во квалификациите имаше Чадари Саураб од Индија со 586 остварени круга.