Други спортови
Македонија со шанса за медал на Олимписките игри: Дејан Георгиевски е во полуфинале
Најголемиот македонски аду за медал на ОИ во Токио засега ги оправдува очекувањата. Откако на патот до четвртфиналето беше убедлив против светскиот првак, Рафаел Алба од Куба, Дејан Георгиевски се пласираше и во полуфиналето. Во четвртфиналната пресметка беше подобар од Сајду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со 9:4. Во полуфиналето ќе се сретне со Ин Кјо Дон од Јужна Кореја. Според програмата, полуфиналната пресметка е денеска во 9:45 часот по македонско време.
Дваесет и двегодишниот Георгиевски е единствениот македонски спортист кој со норма се пласираше на Олимписките игри во Токио.