Connect with us

Ракомет

Македонија со Србија ќе се трка за вајлд-карта за СП 2021

Македонската ракометна федерација пред неколку дена побара вајлд-карта од ИХФ за Светското првенство (СП) во 2021 година. Сепак Македонија не е единствената земја што го бара тоа – официјално тоа го сторија и Црна Гора, Полска, а денеска и Србија.

„Ракометна Србија е подготвена и играчки и финансиски и организационо да учествува на овој собир. За потсетување до 2009 година учествувавме на 10 од 12 Европски и Светски шампионати“, меѓу другото пишува во објавата на РСС.

Светското првенство во Египет ќе се игра од 14 до 31 јануари следната година. ИХФ ќе додели најмалку две вајлд-карти, а најмногу четири, од кои две сигурно би завршиле на европски селекции.