Поврзи се со нас

Фудбал

Македонија тргна за Кипар без Елмас, Алиоски, Николов, Спировски и уште неколку стандардни провотимци

Македонската репрезентација во среда го игра одлучувачкиот меч во Лигата на нации, Лига Ц, група 2 против Ерменија. Ова е директна пресметка за првото место во групата, а на нашата селекција ќе и треба само бод да го задржи првото место и од следната сезона да игра во повисок ранг од ова натпреварување, односно Лига Б.

Селекторот Игор Ангеловски има големи проблеми во пресрет на овој дуел. Селекцијата со авион во 10 часот утрово летна за Никозија, а во експедицијата ги нема Елиф Елмас, потоа Алиоски, Николов, Спировски, Велковски, Ристевски, а од претходни и Пандев, Адеми, Барди и Димитриевски.

Ангеловски на нивно место повика неколкумина други играчи, а дуелот се игра во среда со почеток во 18 часот.

 

loading...

Facebook