Фудбал
Македонија во 85-та минута оштетена против Словачка во финалето, не е досуден пенал (ВИДЕО)
Македонската репрезентација за играчи до 21 година е поразена во финалето од Словачка со 1:0 на Анталија Куп. Сепак впечатокот е дека резултатот можеше да биде поинаков доколку судиите досудеа пенал во 85-тата минута за нашата селекција. Добро се гледа дека при еден прекин Хрисијан Малески во казнениот простор беше влечен за дрес од противнички играч, а со тоа и спречен да стигне до топката пред голманот на Словачка, кој потоа „боксуваше“. Сепак, главниот судија иако беше во близина, оваа ситуација „не ја виде“, па на крајот македонските надежи беа поразени.
— dribling.mk (@dribling2021) March 28, 2023
Видео е превземено од Твитер на Дриблинг.