Connect with us

Ракомет

Македонска ракометарка поради допинг суспендирана на 16 месеци

Наташа Нолевска, репрезентативка на Македонија и ракометарка на романски тим Корона Брашов е суспендирана на 16 месеци поради допинг. Информацијата беше објавена одамна, но целиот случај се водеше досега, па одлуката вели дека следува долга суспензија. Таа заедно со нејзините колешки од клубот, вкупно 17 спортистки, се суспендирани од истата причина. Некои од нив добија и поголеми казни.

Одлуката беше донесена на 25 ноември минатата година, но поради можноста за жалби и истечениот рок, стапува на сила сега, а се разбира изминатиот период ќе се смета во конечната суспензија.