Connect with us

Фудбал

Македонската фудбалска репрезентација освои бод на гостувањето кај Грузија

Тбилиси, 8 септември 2020 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација се избори за нерешен резултат на гостински терен против Грузија играјќи нерешено 1:1.

Бодот за „црвено-жолтите“ е со голема тежина ако се знае дека последните 30 минути Грузијците имаа фудбалер повеќе поради исклучувањето на Висар Муслиу.

На дуелот којшто се играше во рамките на 2. коло Ц-дивизија Група-2 во Лигата на нации, домаќините поведоа од пенал во 13. минута преку Торнике Окриашвили. Конечните 1:1 ги постави Стефан Ристовски по асистенција на Пандев во 33. минута од првото полувреме.

По две кола двете репрезентации имаат по четири бода, Ерменија има три, последна на табелата е Естонија без освоен бод. зс

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com