Connect with us

Кошарка

Македонската кошаркарска федерација домаќин на две младински ЕП

Македонската кошаркарска федерација ќе биде домаќин на две европски првенства во младински категории, кои идната година ќе се одржат во Скопје.

Како што е соопштено, Европското првенство во најсилната А – дивизија под 16 години ќе се одржи во Скопје, од 13 до 21 август 2021 година.

Македонската кошаркарска репрезентација под 20 години ќе се бори за пласман во А дивизијата на домашен терен на Европското првенство, кое од 3 до 11 јули ќе се одржи во Скопје.