Connect with us

Фудбал

Македонски фудбалер го менува тимот, но не и првенството, останува во Турција

Според турските медиуми македонскиот интернационалец и поранешен репрезентативец Адис Јаховиќ би можел да ги смени клупските бои, односно од Малатија да се пресели во Анталијаспор.

Според турските медиуми, договорот веќе „паднал“, а наскоро се очекува промовиција на напаѓачот во новиот тим.

Јаховиќ во дресот на Малатија на 23 меча сезонава постигна 14 голови, во сите конкуренции. Во турската Суперлига има 11 погодоци и само Сисе и Сорлот имаат повеќе од него.