Connect with us

Фудбал

Македонски фудбалски талент со трансфер во Монца на Силвио Берлускони

Амбициозниот италијански второлигаш Монца е нов клуб на македонскиот фудбалски талент Лука Станковски кој беше член на Работнички.

Информацијата ја потврди претседателот на тимот Работнички, Драган Поповски. Станковски останува во Работнички до јуни, а потоа се сели во Италија.

-Горди сме што може да објавиме дека еден од најталентираните македонски фудбалери Лука Станковски од јуни кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот клуб Монца. Двата клуба ги договорија деталите за трансферот што треба да се реализира во летниот преоден рок. Можам да кажам дека имаше многу понуди за Лука Станковски, но донесовме заедничка одлука со фудбалерот и со неговите родители, Монца да биде идниот клуб, каде ќе продолжи да се развива и да се надградува, изјави Драган Поповски.

Инаку, Монца е во сопственост на Силвио Берлускони, а спортски директор е Адријано Галијани. Двајцата беа на чело на Милан во најуспешната ера. Во Монца во моментов играат Балотели и Кевин Принс Боатенг, а тимот има амбиции да влезе во Серие А оваа сезона.