Connect with us

Фудбал

Македонски клубови во Европа: Шкупи убедлив, Шкендија победи, Македонија ЃП поразена

Фудбалерите на Шкупи забележаа убедлива победа со 5:0 вечерва на гостувањето во Каунас против Хегелман. Чаирачани со оваа победа направија голем исчекор кон второто квалификациско коло во Конференциската лига. Јунак во триумфот на Шкупи беше Реналдо Цефас кој постигна четири гола. Еднаш во листата на стрелците се запиша Куевен. Реваншот е по седум дена во Скопје.

Шкендија во Скопје го победи Хаверфордвест од Велс со 1:0 во првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран на Национална арена „Тодор Проески“ беше Аденис Шаља во 47. минута.

Екипата на Македонија ЃП попладнево загуби од РФС Рига со 1:0 во првото квалификациско коло на Конференциската лига.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран на „Петар Милошевски“ во Скопје беше српскиот интернационалец Андреј Илиќ во 34.минута.

Реваншот ќе се игра на теренот на летонскиот претставник по седум дена.