Други спортови
Македонски репрезентативец „леташе“ орли со натпреварувач од Косово!
Фото: „Ипон.мк“
Романскиот боксер Думитру Викол е освојувачот на 48. издание на традиционалната боксерска манифестација „Златен Гонг“. Тој во финалето, во категорија до 75 килограми со 3:0 го победи македонскиот боксер Октај Фератов. Повеќе од 40 боксери од осум земји продефилираа и оваа година на турнирот „Златен Гонг“ и понудија респектабилен квалитет.

Најдобат техничар е бугарскиот боксер Бојан Асенов, а за најдобар македонски боксер на ова издание на „Златниот Гонг“ беше прогласен Јасин Љама, кој победи во финалето во категоријата до 60 килограми.
Сепак, оваа најстара манифестација беше засенета од македонскиот боксер Алим Насуфи, односно по неговото скандалозно однесување на турнирот Како што јави „Спорт1“ по крајот на финална борба во категорија до 64 килограми, во која славеше Диели Враноци од Косово, македонскиот репрезентативец Алим Насуфи му честиташе на противникот со тоа што му подаде рака за заедно да „летаат орли“.
Скандал се случи и на отворањето на турнирот, односно при интонирањето на македонската химна, единствени што не станаа да ја испочитуваат беа македонските репрезентативци од албанска националност. Сите присутни во салата што биле дојдени од другите земји се чуделе што е работата, но засега нема официјална реакција од организаторот дали ќе ги казни сторителите на овој чин.
Финални резултати: -52 кг Сулјиќ (Србија) – Демиров (Македонија) 0:3, -56 кг Реџепи (Косово) – сенов (Бугарија) 0:2, -56 кг Белегу (Албанија) – Глигориќ (Србија) 0:3, -60 кг Лама (Македонија) – Глигориќ (Србија) 3:0, -64 кг. Враноци (Косово) – Насуфи (Македонија) 0:3, -64 кг Муаремовски (Македонија) – Грмуша (Србија) 1:2, -69 кг Исмаили (Македонија) – Бехрами (Косово) 1:2, -69 кг Јанески (Македонија) – Стошиќ (Србија) 1:2, -75 кг Курхаску (Косово) – Бујишиќ (Србија) 3:0, -75 кг Фератов (Македонија) – Вицол (Романија) 0:3, -81 кг Етеми (Македонија) – Шчуковски (Полска) 0:3, 81 кг Делијај (Косово) – Стевановиќ (Србија) 0:3 -91 кг Шкрјанец (Словенија) – Мечков (Бугарија) 0:3