Connect with us

Кошарка

Македонски репрезентативец се врати во Шпанија

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски од наредната сезона ќе игра во шпанскиот тим Аликанте. Кошаркарското крило се обврза на едногодишен договор со второлигашот.

Не е прв пат Ѓуроски да игра во Шпанија. Претходно играше за Хуеска и Мелиља.

Во текот на ланската сезона, високото крило на нашиот национален тим настапуваше за францускиот ПРО Б лигаш, Евре. Претходно играше и за Левски, Работнички, Кожув, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Блокотехна.