Фудбал
Македонски репрезентативец во Премиер лигата, Лидс по пауза од 16 години во елитата
Од следната сезона, освен ако не направи трансфер во друга лига, во Премиер лигата ќе го гледаме македонскот репрезентативец Алиоски. Неговиот Лидс вечерва обезбеди пласман во Премиер лигата, откако конкурентот ВБА доживеа пораз од 2:1 кај Хадерсфилд. Тоа значи дека тимот на Марсело Биелса има пет бодови предност, меч повеќе, а до крајот на сезоната останува уште едно коло. Својот претпоследен меч Алиоски и Лидс го играат во недела.