Connect with us

Фудбал

Македонскиот дефанзивец пред Грција и Србија , ја одбра БиХ

Според пишувањата на босанските медиуми, дефанзивецот Константин Чешмиџиев во следните неколку дена ќе му се приклучи на босанскиот тим Вележ од Мостар, кој се ноѓа на подготовки на Кипар. Според овие медиуми, Чешмиџиев ја одбрал БиХ, иако имал понуди од клубови од Кипар и Грција.

-Утре доаѓам во Мостар да потпишам договор. Среќен сум што ќе имам можност да играм за сериозен и добар тим и се надевам дека во дресот на Вележ ќе постигнам голем успех, изјави Чешмиџиев.