Кошарка
Македонскиот кошаркарски бисер од следната сезона ќе има нов клуб, но останува во Шпанија
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ на крајот од сезоната ќе го напушта Хувентуд, а следна дестинација на најдобриот македонски кошаркар во моментов ќе биде шпанскиот прволигаш Валенсија.
Ова го тврди „Инсајд Баскет“, специјализиран медиум за шпанската кошарка и според кој сите детали од преселбата на Димитријевиќ во Валенсија се веќе договорени.
Договорот на Македонецот истекува на крајот од сезонава, а од неколкуте понуди на маса тој ја избрал токму онаа на Валенсија.