Connect with us

Фудбал

Македонскиот репрезентативец со два гола против големиот Фенербахче и Алиоски (ВИДЕО)

Во Турција се одигра градско дерби Фенербахче и екипата на Истанбул, кое заврши без победник 3:3. Ова беше и пресметка помеѓу двајца македонски репрезентативци, Езџан Алиоски од едната (Фенербахче) и Ваљон Етеми од другата (Истанбул) страна. Ги поделија бодовите, но Етеми имаше своја вечер, кој два пати ја тресеше мрежата на големиот противник Фенербахче во 57-ма од пенал и 66-та минута . Одлична партија пружи и Алиоски, кој го одигра целиот меч. Етеми играше до 81-ва минута.

На табелата Фенербахче е втор со 64 бодови, шест повеќе од лидерот Галатасарај, додека Истанбул е на 15-то место. Инаку, Етеми е на шестото место на листата на стрелците со постигнати 12 погодоци оваа сезона, а има и четири асистенции.