Connect with us

Фудбал

Македонскиот стратег и кипарскиот тим ја раскинаа соработката

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Чеде Јаневски спогодбено го раскина договорот со кипарскиот тим АЕЛ. Нашиот стратег седна на клупата на тимот од Лимасол во септември минатата година.

АЕЛ го заврши регуларниот дел од сезоната на осмото место на табелата во кипарскиот шампионат, па продолжи да игра во плејаутот, односно да се бори за опстанок. Моментално тимот е во лоша форма и на последните 9 натпревари во сите конкуренции има само една победа.