Connect with us

Фудбал

Македонскиот тренер како владател на Казакстан, го облекоа во традиционална облека (ВИДЕО)

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, сега тренер на ФК Каспи доби интересна роденденска честитка од неговите играчи и колеги во тимот. Имено, го облекоа во традиционална казакстанска облека која ја носеле казакстанските владетели. Ангеловски се огласи на социјалните мрежи и го објави видео, воедно им се заблагодари на честитките за роденденот.

-Ви благодарам за честитките за мојот 47- ми роденден и подарокот кој денес го добив. Национална одора која ја носеле Казакстанските владетели, напиша Ангеловски.