Connect with us

Други спортови

Македонскиот знаменосец Георгиевски попладнево во Македонија ќе го донесе олимпиското сребро

Таеквондистот Дејан Георгиевски попладнево се враќа во Скопје од Токио и го носи сребрениот медал освоен на Олимписките игри. Ќе има организиран дочек во организација на Агенцијата за млади и спорт, прво на аеродромот, а потоа на Плоштадот, односно Порта Македонија.

Дочекот на 22-годишниот таеквондист Георгиевски е најавен за 14:00 часот, а неговиот успех ќе се означи вечер на скопскиот плоштад во 19:30 часот.

Македонскиот знаменосец на летната Олимпијада се враќа од Токио со сребрен медал во таеквондо во категоријата над 80 килограми