Connect with us

Фудбал

Македонските екипи ги добија противниците во второто квалификациско коло во Лига Европа

Нион, 31 август 2020 (МИА) – Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) попладнево беше извршена ждрепка за второто коло во квалификациите за Лигата на Европа.

Во второто по квалитет клупско континентално натпреварување ќе учествуваат и три македонски екипи: Шкендија, Ренова и Силекс.

Шкендија како и во првото коло, ќе игра на гостински терен, овојпат со Ботошани од Романија.

Силекс на домашен терен ќе игра со Дрита од Косово, а исто така и Ренова ќе биде домаќин, ќе го пречека Хајдук од Сплит.

loading...

И во оваа фаза ќе се игра само по еден натпревар. Терминот е 17 септември. зс

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com