Connect with us

Фудбал

Македонските фудбалери отпатуваа за Торшавн (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер чет отпатува за Торшавн каде в сабота против домаќинот Фарски острови го игра воведниот натпревар во Ц-дивизијата во Лигата на нации.

Натпреварот за закажан за в сабота во 15 часот, на стадионот „Торсволур“ со капацитет од 6.500 седишта.

Судиската четворка доаѓа од Литванија, предводена од 31-годишниот Манфредас Лукјанчукас.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го заокружат септемврискиот циклус во рамки на групата Ц4 во Лигата на нации идниот вторник кога на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе гостува репрезентацијата на Ерменија.