Фудбал
Македонските клубови со интернационални пријателски
Во македонското фудбалско првенство во тек е паузата. Клубовите се подготвуваат за продолжението од сезоната, а дел од нив денеска играат пријателски средби. Мечот кој привлекува најголемо внимание е оној помеѓу ривалите од времето на поранешна Југославија, Вардар и Црвена Звезда. Работнички игра против Пирин Благоевград, Силекс против Витоша од Бугарија, а Академија Пандев против Спартак од Суботица.
Директен ТВ пренос ќе има само од Вардар-Црвена Звезда на Арена Спорт 1.
Пријателски средби (Среда)
Беласица (МКД) – Пљачковица (МКД)
Работнички (МКД) – Пирин Благоевград (БУГ)
Академија Пандев (МКД) – Спартак Суботица (СРБ)
Силекс (МКД) – Витоша Бистрица (БУГ)
Вардар (МКД) – Црвена Звезда (СРБ)