Connect with us

Кошарка

Македонските кошаркарки нема да играат на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП, причина коронавирусот

Женската сениорска репрезентација на Македонија нема да патува за Рига, и нема да игра на претстојниот квалификациски турнир за пласман на Евробаскетот 2021 година каде требаше да ги одигра последните два натпревари. Против селекциите на Летонија и на Хрватска, предвидени за 4. односно 6. февруари.

Како основна причина за откажување на настапот на нашата женска сениорска селекција на „балонот“ во главниот град на Летонија, се два позитивни случаи на Ковид-19, кои беа потврдени на задолжителното тестирање од корона вирус направено во Охрид, непосредно пред тргнувањето за Рига.

Во целодневните консултации кои нашата федерација ги имаше со челниците на ФИБА констатирано е дека не постојат здравствени услови за оваа наша селекција да отпатува, и да биде дел од „балонот“ во Рига

Инаку, двата позитивни теста се потврдени кај стручниот дел од нашата најдобра женска селекција.