Connect with us

Фудбал

Македонските надежи го прегазија противникот, најубедлива победа во историјата

Македонската селекција за играчи до 17 години ги „разби“ врсниците од Андора со убедливи 6:0 во квалификациите за пласман на ЕП. Хет трик постигна Назифи, два гола постигна Стојанов, еден од пенал, додека еднаш беше прецизен Ѓоргиевски исто така од пенал.

Со оваа победа селекцијата за играчи до 17 години е на третото место на табелата со четири освоени бодови. Прва е Ирска со седум, следува Полска со 5, па Македонија со 4, а Андора е без бодови.

Ова е најубедлива победа во историјата. Последен пат репрезентацијата до 17 години славела убедливо пред 10 години, односно на 29-ти октомври 2011 година против Сан Марино, исто така со 5:0.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама