Connect with us

Други спортови

Македонските одбојкари денеска против Данска

Македонската одбојкарска репрезентација денеска во Шлагелсе ги продолжува натпреварите од групната фаза во Европската сребрена лига во обид да се реваншира на домаќинот Данска за неодамнешниот пораз од 3:0 во Струмица.

Македонските одбојкари, пред стартот на вториот квалификациски турнир во рамки на групата А се второпласирани со шест бодови, зад лидерот Данска, која има максимални девет.

На првиот квалификациски турнир, што минатата недела се одржа во Струмица, македонскиот состав забележа две победи, над Кипар (3:0) и Израел (3:1), по што уследи максимален пораз од домаќинот на вечерашниот дуел со почеток од 19 часот во Шлагелсе.

Македонскиот состав во второто коло утре игра против Израел од 16 часот, а во истиот термин в недела противник ќе биде репрезентацијата на Кипар.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ независно од крајниот пласман во групата А ќе играат во полуфиналето на овогодишното издание на Европската сребрена лига како домаќини на завршниот турнир, што од 3 до 5 јуни ќе се одржи во салата „Парк“ во Струмица.