Connect with us

Други спортови

Македонските одбојкари ја совладаа Унгарија за трето место во Европската сребрена лига

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација го освои третото место сезонава во Европската сребрена лига, откако попладнево во малото финале во Букурешт го совладаа домаќинот Унгарија со 3-2 (25-22, 18-25, 25-15, 19-25,15-7).

Македонските одбојкари водеа со 1-0 и 2-1 во сетови, а отпорот на Унгарија, која го претрпе седмиот последователен пораз, го скршија во тај-брејкот со убедливите 15-7

Македонија до победата и третото место во годинешното издание на Европската сребрена лига дојде по 122 минути игра предводена од капитенот Никола Ѓоргиев со 28 поени.

Во финалето вечерва во Будимпешта ќе играат Романија и Финска.

Реклама

Facebook