Фудбал
Макрон и емирот на Катар се обидуваат да го убедат Мбапе да остане во ПСЖ
Францускиот претседател Емануел Макрон прави се за да ја убеди ѕвездата на Пари Сен Жермен , Килијан Мбапе да остане во клубот, изјави познатиот локален новинар Ромен Молина. Сепак, Макрон не е единствениот државник кој се обидува да го задржи напаѓачот на „Паркот на принцовите“. И емирот на Катар има голема желба Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ, па клубот ќе ја искористи сета финансиска сила за да го натера играчот повторно да потпише.
Во меѓувреме, новинарот на RMC Sports, Даниел Риоло, е уверен дека по завршувањето на сезоната во Лига 1 во мај, Мбапе ќе го продолжи договорот со Париз. Според неговиот колега Жером Ротен, третиот клуб по ПСЖ и Реал Мадрид се вклучил во битката за потписот на Мбапе , но тој не споменува кој е тој, само прецизираше дека не се работи за Барселона.
French President Emmanuel Macron and the Emir of Qatar were both involved in the negotiations to convince Mbappé to stay at PSG 🤯
Via @Romain_Molina pic.twitter.com/RRUeOL7FD0
— SPORTbible (@sportbible) April 4, 2022