Фудбал
Малага започна масовно да отпушта вработени
Фудбалскиот тим на Малага објави дека започна масовно да ги прекинува или раскинува договорите со вработените.
Коронавирусот навистина ја потресе веќе лошата економска состојба во клубот, па непопуларните сценарија беа нешто што требаше да се направи.
„Во текот на изминатите неколку месеци, презедовме различни мерки за ублажување на тешката економска состојба. Ова реструктуирање е мерка која е неопходна за да се обезбеди опстанок на клубот“, се наведува на официјалната веб-страница на Малага.
Овој тим во моментов се натпреварува во шпанската Сегунда и ја зазема само 15. позиција на табелата, па јасно е дека клубот се наоѓаше во исклучително лоша економска состојба уште пред ситуацијата со коронавирусот.
Не толку одамна, пред седум години, тимот играше во четвртфиналето од Лигата на шампионите во кое беше елиминирана од Борусија Дортмунд со тоа што примија гол во последните моменти од повратен меч.
? #MálagaCF official statement ?
➡️ https://t.co/z13KWX7WAF#Entity pic.twitter.com/HXjMh46sna
— Málaga CF English (@MalagaCF_en) May 19, 2020