Фудбал
Малдини ги разочара фановите на Милан: Да не се залажуваме!
Во таборот на Милан не „цветаат рози“. Италијанскиот гигант се уште не може да се опорави, финансиски, ниту резултатски. Кризата ќе потрае, а тоа го призна техничкиот директор на тимот, легендата Паоло Малдини. Според него, за следната сезона приоритет е да се убеди Златан Ибрахимовиќ да остане во Милано.
-Минатата сезона ги поставивме основите за нашиот план за развојот на Милан. Донесовме девет играчи. Но, сега ќе биде поразлично. Не сакаме да ги залажуваме нашите фанови и затоа признаваме дека нема да имаме можност за големи трансфери како во минатото. Го следиме трансфер пазарот внимателно и ќе се обидеме да искористиме некоја конкретна можност, изјави Малдини.