Connect with us

Фудбал

Малдини: Ќе работам само во Милан и никаде на друго место

Паоло Малдини изјави дека нема намера да го напушти Милан.

Откако Звонимир Бобан беше отпуштен, се шпекулираше дека Малдини, кој наводно сметал дека ја губи моќта и влијанието на „Сан Сиро“, исто така, ќе ја напушти функцијата.

Сепак, Малдини ги отстрани сите дилеми за иднината разговарајќи со својот поранешен соиграч Инзаги преку Инстаграм во живо.

„Јас ќе работам само во Милан и во ниту еден друг клуб. Како директор мора да бидете на врвот на сè, иако сте помалку видливи отколку кога сте на теренот. За мене, посветеноста секогаш беше неопходна“, рече Малдини.

Тој, исто така, се осврна на можното продолжување на првенството.

„Мора да бидеме внимателни, но ако не продолжиме, тоа ќе биде катастрофа во секоја смисла. Ние ја прифатиме секоја одлука на Владата“, додава легендарниот фудбалер на „росонерите“.

Малдини доби работа на „Сан Сиро“ во август 2018 година. Тој прво ја презеде улогата на директор за стратешки развој, а потоа беше унапреден во Технички директор