Фудбал
Малдини зборуваше за иднината на Ребиќ и Ибрахимовиќ во Милан
Директорот на Милан, Паоло Малдини, зборуваше за Анти Ребиќ и Златан Ибрахимовиќ.
Хрватскиот напаѓач е во одлична форма во 2020 година и веќе постигна шест гола во Серија А, а последниот синоќа против Фиорентина (1-1) во Фиренца.
„Ребиќ е на двегодишен заем со нас, па тој дефинитивно ќе биде повторно тука следната сезона, и дури тогаш ќе видиме што ќе се случува“, рече Малдини.
Што ќе се случи со Ибрахимовиќ?
„Во шестмесечниот договор на Ибар, вметната е клаузула според кој тој автоматски се продолжува ако Милан обезбеди настап во Лигата на шампионите, а ако тоа не успее, тогаш секако дека ќе седнеме и ќе разговараме со него. Ибра е секогаш за разговори, да не беше, немаше да дојде овде“.
Како и на Ребиќ, доаѓањето на Ибрахимовиќ, се исплаќа за Милан. Клубот едноставно оживеа со враќањето на Ибра.