Connect with us

Фудбал

Малку е морбидно и претерано, зарем не? Меси има телохранител кој го чува и додека игра натпревари, го следи од аут линијата (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Интер Мајами ангажираше телохранител кој има само една задача – да го следи Аргентинецот Лионел Меси! На социјалните мрежи се појави видео од овој безмилосен телохранител, кој е сенката на Меси во Соединетите Американски Држави. Не се одвојува од Аргентинецот, нема милост кон навивачите кои сакаат да грабнат селфи или автограм, веднаш ги остава настрана, исто како навивачите кои бараат дрес или потпис на дрес од својот идол во стадион. Но, сето тоа би било во ред да не се појави ново видео во кое се гледа дека телохранителот го следи дури и кога игра натпревари. Стои покрај аут линијата и се движи каде што се движи Меси. Веднаш штом ќе заврши мечот, реагира и спречува било каков несакан контакт од навивачите.