Connect with us

Тајмаут

Малку фалеше да се случи инцидент, Еквадорец им покажуваше „пари“ на Катарците (ВИДЕО)

По поништениот гол на Еквадор, еден од навивачите на оваа трибина стана од седиштето и гестикулираше дека судиите се потплатени, тогаш еден од катарските навивачи му рече да замолчи и да седне на столчето.

По кратка вербална дискусија меѓу двајцата, ситуацијата се смири.

На крајот се појави и видео како Катарецот и Еквадорецот се смирени и седат еден до друг.