Ракомет
Манасков: Немавме решение за одбраната на Австријците!
Македонската репрезентација претрпи тежок пораз од Австрија (32:28). Овде нашатаа репрезентација завршува со настапите на ЕП 2020, откако претходно беше поразена и од репрезентацијата на Чешка.
Покрај навивачите, поразот тешко го поднесоа и нашите репрезентативци кои по средбата речиси немаа што да кажат пред новинарите.
Дејан Манасков се обиде да објасни што се случи во Виена на последниот натпревар на нашата репрезентација со неколку зборови кои едвај ги изговори.
„Не знам што да кажам. Немавме решение, едноставно не бевме подготвени за одбраната која ни ја одиграа Австријците. Им дадовме многу топки в раце, а промашивме многу чисти ситуации. Тоа е, одиме понатаму“, прокоментира Манасков.