Ракомет
Манасков уште една сезона во Охрид
Левиот бек Мартин Манасков ја продолжува соработката со ракометниот клуб Охрид. Информациите ги потврди самиот тим, а тој ќе го носи овој дрес најмалку уште една сезона. По неговите стапки одеше и голманот Никола Данаиловски кој исто така ја продолжи соработката за уште една сезона. Пред само неколку дена РК Охрид го продолжи договорот со тројца интернационалци Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ, Денис Тот.