Фудбал
Манчестер Јунајтед го разби Челзи и обезбеди Лига на шампиони (ВИДЕО)

По пауза од една година Манчестер Јунајтед се враќа во ЛШ. “Црвените Ѓаволи” обезбедија најмалку 4-то место на едно коло до крајот откако вечерва во пресметката со Челзи славеа со убедливи 4:1 на домашен терен. Победара можеше да биде поубедлива, но благодарејќи на одличните интервенции на Кепа, Челзи прими “само” четири голови.
Касемиро, Марсиал, Фернадеш од пенал и Рашфорд беа стрелци за Јунајтед, а почесниот погодок за Челзи беше дело на Жоао Феликс.
