Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед го сака Иван Ракитиќ

Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед пронашол играч за да го замени Погба кој е близу до излезна врата.

Поточно, тоа е фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, во кого Солскјаер ја гледа идеалната замена за Французинот.

Покрај Манчестер, за Ракитиќ е заинтересиран и Атлетико Мадрид, а самиот фудбалер треба да донесе одлука за тоа каде да ја продолжи кариерата.

Целта на Барселона тој да не остане во Шпанија за да не ги зајакне конкуренти, и најверојатно ќе оди во Јунајтед.

Погба скоро сигурно ќе отпатува во Мадрид каде ќе го засили Реал, но останува да се види дали Ракитиќ ќе го избере Манчестер Јунајтед.