Фудбал
Манчестер Јунајтед го замени Де Јонг со Том Хадлстон
Манчестер Јунајтед започна преговори за ангажирање на Том Хадлстоун како слободен играч. 35-годишниот играч од средниот ред е без тим откако го напушти Хал Сити на крајот од сезоната.
Додуша, играчот од средниот ред не може да биде во улога како Френки де Јонг, но тоа е многу поевтина опција за играч од средниот ред.
Хадлстон ќе ја преземе улогата на Пол Мекшејн како помошник тренер во вториот тим на Манчестер Јунајтед. Ирскиот дефанзивец ја извршуваше оваа функција минатата кампања и сега ќе продолжи само како помошен тренер.
35-годишниот играч од средниот ред своето искуство стекнато низ годините ќе им го пренесе на младите таленти во академијата на „црвените ѓаволи“. Хадлстон има 580 професионални натпревари со Тотенхем, Дерби Каунти, Вулверхемптон и Хал Сити.