Фудбал
Манчестер Јунајтед и Њукасл прашуваат за Адриен Рабио
Манчестер Јунајтед и Њукасл се заинтересирани за играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио. Иако минатата сезона забележа 32 натпревари, „Старата дама“ даде индикации дека се подготвени да се разделат со 27-годишниот Французин, чиј договор истекува за една година.
Токму тоа го привлече вниманието на двата англиски клуба кои можеби ќе влезат во трансфер битката за неговиот потпис, изјави експертот за трансфери Николо Скира.
„Манчестер Јунајтед и Њукасл се заинтересирани и побараа информации за Адриен Рабио од неговата мајка Вероника, која е и негов агент. Јувентус бара околу 15 милиони евра за правата на францускиот играч за врска“, објави Скира на својот Твитер профил.