Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед и официјално потврди: Големото засилување потпиша на 5 ипол години

„Црвените ѓаволи“ конечно добиваат големо засилување.

Манчестер Јунајтед наводно беше близу до реализација на овој трансфер минатото лето, но тогаш целата работа пропадна.

Меѓутоа „Ѓаволите“ не се откажаа од играчот.

После неколку месеци исполнети со шпекулации, Бруно Фернандеш оваа зима пристигна во Манчестер Јунајтед.

„Манчестер Јунајтед со задоволстов го потврдува ангажирањето на Бруно Фернандес“, стои на официјалниот твитер профил на клубот.

Бруно со Манчестер Јунајтед потпиша договор на 5 ипол години, со опција за продолжување на договорот за уште една година.

Иако нема официјална потврда, се верува дека Манчестер Јунајтед на крајот ќе потроши 80 милиони евра на овој трансфер (55 за потписот + 25 во бонуси).

25-годишниот Фернандеш, офанзивен играч од средниот ред, беше брилијантен во дресот на Спортинг за кој одигра 137 натпревари, постигна 63 голови и забележа 52 асистенции. Пред да се приклучи на Спортинг во 2017 година, тој настапуваше за Боависта, Новара, Удинезе и Сампдорија.