Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед ја донесе одлуката за Алексис Санчез

Според „Дејли стар“, извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, не сака да го продаде Алексис Санчез, ниту да го позајми на некој друг клуб на крајот на сезоната (по исполнувањето на договорот со Интер), затоа што клубот е подготвен да му даде уште една шанса на „Олд Трафорд“.

Напаѓачот во моментов е на позајмица во Интер, каде оваа сезона запиша замо седум настапи, откако претходно претрпе тешка повреда на ногата. Сепак Санчез играше на последните три натпревари во тимот на тренерот Конте.

Договорот за заем со Интер не ја вклучи опцијата за купување на Санчез, па Вудвард не можеше да наплати значителен надомест од „Нероазурите“ во текот на летото. Напаѓачот е под договор на „Олд Трафорд“ до 2022 година и, како што стојат работите, тој ќе се врати во Манчестер Јунајтед.

Оле Гунар Солскјаер исто така потврди дека Алексис Санчез ќе се врати во тимот. Тој на прес-конференцијата во вторникот рече:

„Алексис ќе се врати во текот на летото и ќе ни докаже на сите дека не бевме во право со него“.