Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед ќе остане без Мегваер до крајот на сезоната, слават навивачите

Манчестер Јунајтед би можел да остане без својот капитен Хари Мегваер до крајот на сезоната. Менаџерот Ралф Рангник веќе објави дека дефанзивецот нема да игра на денешниот меч со Челзи поради проблем со коленото. Сепак, постојат стравувања дека проблемот е посериозен и ќе остане надвор од игра за останатите натпревари на „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната, пишува „Дејли Стар“.

Оваа вест беше поздравена од многу симпатизери на Јунајтед. За тоа напишаа доста жолчни коментари. Се надевам дека ќе отсуствува не само до крајот на сезоната, туку и следните три“, напиша еден навивач. Друг додаде: „Ова е најдобрата вест во сезоната“. Пораката на трето лице беше многу помека, но тука значењето беше исто: „Се надевам дека наскоро ќе биде подобро, но тоа е навистина благослов“. Друг верува дека отсуството на Мегваер му дава на тимот поголеми шанси за победа во натпреварот против Челзи: „Сега можеби имаме реални шанси да победиме“.

Имаше, сепак, луѓе кои го бранеа капитенот. „Без него нашата одбрана е шокантна. Луѓето не сфаќаат што носи во тимот, дури и кога е надвор од форма“, напиша еден навивач. „Завршивме. Сите видовте како изгледаше нашата одбрана без него во саботата“, додаде друг.

Трет му посака да се врати посилен следната сезона: „Се надевам дека следната сезона ќе се врати посилен, со новиот менаџер и без капитенската лента да му тежи. Верувам дека ќе покаже за што е способен“.

Сепак, Мегваер нема да биде единствениот отсутен од битката со Челзи. Ралф Рангник не може да користи уште неколку важни играчи кои се повредени. Станува збор за Пол Погба, Џејден Санчо, Лук Шо, Фред и Единсон Кавани.