Фудбал
Манчестер јунајтед му го позајми на Вердер 20-годишниот напаѓач Чонг
Манчестер, 16 август 2020 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Таит Чонг е позајмен на Вердер Бремен.
Дваесетгодишниот фудбалер ќе игра за германскиот клуб следната година.
Чонг се приклучи на академијата на Јунајтед во 2016 година. Има 16 настапи за главниот тим, а во март го обнови договорот со клубот до 2022 година. зс/