Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед му подготовил 240 милиони евра на Тен Хаг, сосравена и листа за „отстрел“

Ерик тен Хаг вчера и официјално беше претставен како нов тренер на Манчестер Јунајтед, а на клупата на „црвените ѓаволи“ ќе седне на крајот од оваа сезона.

На Тен Хејг управата на Јунајтед му даде одврзани раце во наредните години да го врати тимот на патеката на старата слава, а веќе следното лето ќе добие голема сума за доведување засилувања.

На располагање ќе има 240 милиони евра, а веќе составил список со потенцијални засилувања. На врвот од него е ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн, како и играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс.

Доколку не се заинтересирани да дојдат на Олд Трафорд, Тен Хаг има и резервни опции и тоа Дарвин Нуњез од Бенфика и Рубен Невес од Вулверхемптон.

На трансфер листата би можеле да се најдат и Арон Ван-Бисака, Ерик Бејли, Фил Џонс, Алекс Телес, Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд.