Фудбал
Манчестер Јунајтед му понуди договор на Хендерсон: Сметаат на него во иднина
Манчестер јунајтед му понуди нов договор на голманот Дин Хендерсон.
Овој одличен чувар на мрежата брани фантастично за тимот на Шефилд Јунајтед. По одличните настапи, имаше многу шпекулации за неговата кариера, бидејќи очигледно на „Олд Трафорд“ сè уште не сметаат на него.
но затоа другите клубови го сакаат. Наводно Челзи му понудил соработка, но Јунајтед одлучи да ги отфрли сите напади и да го задржи Хендерсон под договор со нив.
Значи, раководството на клубот „Олд Трафорд“ му понуди на 23-годишниот голман нов договор вреден 100.000 фунти неделно и со тоа сакаат да го обврзат со долгорочен договор.
Наводно на Хендерсон во Јунајтед, смета во иднината, бидејќи Дејвид де Хеа моментно е број еден на голот на „црвените ѓаволи“.
Тековниот договор на Хендерсон го врзува за Манчестер до 2022 година, а интересно е што тој никогаш не настапил за првиот тим, иако веќе има потпишано четири професионални договори со нив.