Поврзи се со нас

Фудбал

Манчестер јунајтед на нова мака: Нивниот играч по вторпат позитивен на корона

Манчестер Јунајтед ќе ја процени состојбата на нивниот играч Алекс Телес кога ќе се врати во клубот на крајот на неделата.

Имено, левиот бек поради коронавирус две седмици беше надвор од стројот на Оле Гунер Солскјер, а откако периодот на изолација заврши и Телес се очекуваше да заигра за Бразил, пристигна нов позитивен тест, па сега во прашање е и неговиот настап против новајлијата во Премиер лигата.

Бразилските медиуми објавија дека Телес бил позитивен по вторпат на корона и дека ќе го пропушти натпреварот на репрезентацијата против Уругвај во Монтевидео, во вторник.

Јунајтед и оваа сезона игра под очекувањата во Премиер лигата, а повторно прв на мета на критики кај фановите е менаџерот Солскјер.

loading...

Facebook